Почнале да се тепаат, па го застрелал со пиштол

рана

Триесет и девет годишен скопјанец се здобил со прострелна рана од пиштол ноќеска откако вербалната расправиј со С.Ф. (42) од Скопје прераснала во тепачка.

МВР информира дека ноќеска во 01,40 часот во Скопје на ул.„Димитрије Чуповски“ две лица од Скопје откако започнале вербална расправија дошло до тепачка при што едното од нив од огнено оружје испукал два истрели кон другото лице кој бил брат на неговата сопруга.

На застреланиот му била укажана медицинска помош во Ургентниот центар- Скопје и од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда- прострелна рана во пределот на десната дланка и повреда во пределот на стомакот по што бил пуштен на домашно лекување.

Со осомничениот ќе биде извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.