Почнува 23. Интернационален фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Почнува 23. Интернационален фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“
Почнува 23. Интернационален фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Со претставата „Каинова лузна“ на театарот од Шабац, Србија, вечер во Струмица ќе почне 23-тиот Интернационален фестивал на камерен театар (ИФКТ) „Ристо Шишков“.

Директорот на Фестивалот Ванчо Патриков соопшти дека годинава за Медалјонот со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра ќе се натпреваруваат околу педесетина актери во 12 претстави.

Фестивалот на актерот годинава ќе трае пет дена во кои љубителите на театарската уметност ќе проследат 12 претстави на театри од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Русија и  Ерменија, а во чест на наградениот актер во сабота ќе ја проследиме претставата „Кирил и Методиј-Кој си ти !?“ во изведба на актерите од НТ „Војдан Чернодримски” од Прилеп, рече Патриков.

Годинашното 23-то издание на ИФКТ „Ристо Шишков“ финансиски е поддржано од НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Советот на Европа за култура и Општина Струмица.