Почнува амандманската расправа за Предлог буџетот

Амандманската расправа за Предлог буџетот за 2016 година денеска е на дневен ред пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

За Предлог буџетот до матичната комисија се поднесени 418 амандмани, од кои 235 од здружената опозиција, 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од пратеничката Роза Топузова Кареска и еден од повеќе пратеници.

Во петокот Комисијата по четири дена расправа го заврши општиот претрес за Предлог буџетот за 2016 година.

Собранискиот деловник предвидува расправа од најмногу 10 дена за новиот  буџет  во матичната собраниска комисија.