Спорт

Почнува англиската Премиер лига

Почнува англиската Премиер лига
Со натпреварот меѓу Хал Сити и шампионот Лестер кој ќе се игра попладнево од 13 часот и 30 минути, ќе започне новата сезона во фудбалскиот шампионат на Англија, односно најсилната конкуренција Премиер лигата.

Дербито на воведното коло ќе се игра утре во Лондон каде Арсенал ќе го пречека составот на Ливерпул, а интересно се очекува да биде и на средбата Евртон – Тотенхем.

Во останатите денешни натпревари ќе играат: Барнли – Свонси , Кристал Палас – Вест Бромвич Албион, Мидлсборо – Стоук, Саутемптон – Ватфорд и Манчестер Сити – Сандерленд

Покрај дербито Арсенал – Ливерпул, за утре закажан е и дуелот Бурнемут – Манчестер Јунајтед, додека колото ќе го комплетираат Челзи и Вест Хем со средбата која ќе се игра во недела.