Почнува четвртфиналето во женската ракометна Лига на шампиони

Со натпреварот меѓу ЦСМ Букурешт и Ростов денеска ќе почне четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите.

Преостанатите три натпревари преку кои екипите ќе се борат за место на „фјнал-фор“ турнирот ќе се играат в сабота (2 април).

Македонскиот шампион ЖРК Вардар во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува норвешката екипа Ларвик.

Другите два четвртфинални парови ги сочинуваат: Ференцварош – Ѓер и Баја Маре – Будуќност.

Реванш дуелите ќе се играат на 9 и 10 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.