Почнува Фестивалот на новиот германски филм во Кино Милениум

Годинешното мото на Фестивалот на новиот германски филм е „Сакам филм“… Стартува со извондредниот филм „Мед во главата“, траги-комична приказна за животот со Алцхајмерова болест… која трогнува до атом!

Фестивалот свечено ке биде отворен во Кино Милениум, вечерва во 20 часот.

„Мед во главата“ ја раскажува приказната за 11 годишната Тилда и дедото Амандус, кој страда од Алцхајмерова болест. По конфузниот говор на погребот на сопругата Маргарете, Амандус се вселува кај својот син Нико (Тил Швајгер) и неговата сопруга Сара, која не е баш многу воодушевена од овој план. Откако Амандус за малку ќе ја запалел кујната, Нико сфаќа дека за неговиот татко не постои друга алтернатива освен дом. Тилда многу го сака дедото и не сака да го прифати тоа. Без многу размислување го грабнува својот дедо. Двајцата тргнуваат на незаборавно патување, со цел да се исполни најголемата желба на Амандус: да ја види уште еднаш Венеција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.