четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Почнува исплатата на авансното обештетување: 30.000 денари за секое семејство од поплавените подрачја

Димитриев информираше дека од околу 4.000 извештаи од Комисиите за проценка на штетите, досега обработени се податоците за 1.950 семејства.

arm-poplava

Последни вести

По 30.000 денари како авансно обештетување ќе добие секое од семејствата кои беа погодени од невремето кое на 6-ти овој месец го зафати Скопје и околината. Премиерот Емил Димитриев денес информираше дека согласно донесената одлука на вчерашната владина седница, обештетувањето ќе започне да се исплаќа уште денес. 

Тој додаде дека на седницата е одлучено да се зголеми вкупниот износ наменет за авансно обештетување, од 1,5 милиони на 2,5 милиони денари.

Димитриев информираше дека од околу 4.000 извештаи од Комисиите за проценка на штетите, досега обработени се податоците за 1.950 семејства. На овие семејства денес ќе им биде извршена исплатата од авансното обештетување.

Очекувањата се дека до вторник на сите семејства ќе им биде исплатено авансното обештетување.

Најчитани вести