Почнува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“

Почнува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“
Почнува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“

Градот  Скопје и годинава  во рамките на Новогодишните и Божиќните свечености ја организира веќе традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат  своите домови и работни простории и да придонесат во разубавување на празничниот амбиент на градот.

Заинтересираните граѓани и правни субјекти коишто сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265,  од 9 до 16 часот, од 7 до 21 декември 2015 година.

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адреса, учесниците може да испраќаат на Интернет-адресата mediumi@skopje.gov.mk или на адреса: булевар Илинден бр.82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.

Град Скопје  и година, традиционално избира:

  1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
  2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
  3. Најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно);
  4. Најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија којашто ќе биде составена од претставници на медиумите.

Градот Скопје и годинава обезбеди награди од 10.000 денари, што ќе им бидат доделени на  првонаградените од трите категории, исто така  ЕВН Македонија ќе ги ослободи првонаградените во сите категории, еднократно од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година.

Наградите на најуспешните ќе им ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со претставници од ЕВН Македонија, на крајот на месец декември.