среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера соопшти дека одлучила да ја укине Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, донесена на 26.08.2016 година.

sdsm-mediumii

Последни вести

Од денеска почнува мониторингот на изборното медиумско претставување кој ќе се врши според Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера соопшти дека одлучила да ја укине Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, донесена на 26.08.2016 година.

Во меѓувреме се комплетира и почна да работи и Привремената комисија за следење на медиумското претставување чиј мандат ќе биде до крајот на изборниот процес. Петтиот член Љуљзим Хазири беше избран со консензус откако неговата кандидатура беше договорена на состанокот на лидерите на партиите во средата вечер.

Најчитани вести