петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

Почнува музичкиот маратон „Д фестивал“

Во новиот фестивалски амбиент во недела џез-концерт ќе има Гоце Стевковски трио. Музичката програма на оваа бина ќе заврши со настапот на Волтер Мани Ал Хаким, кого организаторот го најавува како најпознат непознат уметник, актер и музичар.

d-festival-1

Поврзани вести

Во Дојран од денеска до недела ќе се одржува шестиот „Д Фестивал“ – тридневен музички маратон кој со досегашните педесетина домашни и странски изведувачи станува препознатлив во регионот.

Покрај петте бини, „Д Фестивал“ ќе има и нова концертна локација Church Stage – во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп.

На првата фестивалска вечер таму ќе настапи Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис. Во сабота ќе настапи „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“. Вечерта ќе биде изведен и поетско-музичкиот перформанс на триото „Игла и конец“ на Тихомир Јанчовски, Добрила Грашеска и Зоран Тортевски.

Во новиот фестивалски амбиент во недела џез-концерт ќе има Гоце Стевковски трио. Музичката програма на оваа бина ќе заврши со настапот на Волтер Мани Ал Хаким, кого организаторот го најавува како најпознат непознат уметник, актер и музичар.

Програмата на бината Lake Awake е посветена на електронската музика, а за затворањето на фестивалот на оваа сцена во недела ќе бидат задолжени диџеите на Канал 103 – Мирко Попов, Илина Ангел, Шурбе, Виолета Качакова, Александар Гавровски и Марсо.

Меѓу учесниците на годинашниот „Д Фестивал“ се и: Сигма, Роџер Санчез, Бернајс пропаганда, Дубиоза колектив, Хладно пиво, Обојени програм, Лолобриџида, Фолтин, Паркети, Палиндром, Чиста околина, Тхе Ред степ…

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран – град на културата 2016“. Според информациите од Туристичкото биро, викендов во Дојран се очекуваат најмалку 30.000 гости од Македонија  и од странство.

Најчитани вести