Почнува осминафиналната фаза на ЕУРО 2016

Почнува осминафиналната фаза на ЕУРО 2016
Почнува осминафиналната фаза на ЕУРО 2016
По два слободни дена, со натпреварот Швајцарија – Полска попладнево стартуваат елиминациските натпревари на Европското фудбалско првенство што се игра во Франција. Средбата ќе почне во 15 часот во градот Сент-Етиен.

Островскиот, дуел меѓу Велс и Северна Ирска е закажан за 18 часот на „Паркот на Принцовите“ во Париз. Според прикажаното во групната фаза, Велшаните се големи фаворити за пласман во четвртфиналето.

Во последниот денешен дуел, патникот меѓу осумте најдобри на ЕУРО 2016 ќе се решава меѓу селекциите на Хрватска и на Португалија. Овој натпревар стартува од 21 часот во Ленс.

Двојки за денешните осминафиналните дуели на ЕУРО 2016:
15 часот: Швајцарија – Полска
18 часот: Велс – Северна Ирска
21 часот: Хрватска Португалија.

Другите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат утре и в понеделник. Двојките се:

Франција – Република Ирска,
Германија – Словачка,
Унгарија – Белгија,
Италија – Шпанија и
Англија – Исланд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.