вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Почнува пеколот: Денес сончево со температура до 32 степени

Како што најавуваа метеоролозите во изминатите денови од денес Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран. Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

vikendov-toplo-od-ponedelnik-ushte-potoplo-1

Поврзани вести

Како што најавуваа метеоролозите во изминатите денови од денес Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран. Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ од утре следува период на претежно сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а долж Повардарието ќе достигне и до 40 Целзиусови степени.

Најчитани вести