петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Почнува „Пиволенд“: Одлична музика, многу пиво и вкусна храна

skopje-pivolend2-640x427

Поврзани вести

Под мо­то­то „Дој­ди, ви­ди, ис­пиј“, од 31 август до 4 сеп­тем­ври, Скоп­је пет де­на ќе би­де цен­тар на си­те љу­би­те­ли на јач­ме­но­ви­от на­пи­ток. На „Пи­во­ленд“  ќе учес­тву­ва­ат дел од  нај­до­бри­те ма­ке­дон­ски пи­вар­ни­ци, ка­ко и око­лу 100 ви­да стран­ски пи­ва, за си­те тие што са­ка­ат да де­гу­сти­ра­ат не­што но­во, по про­мо­тив­на це­на.

По­се­ти­те­ли­те ќе мо­же да про­ба­ат пи­ва од си­те стра­ни на све­тот, од поз­на­ти­те анг­ли­ски пи­ва, пре­ку бел­ги­ски­те, па сѐ  до пи­ва­та „тра­пист“, кои ги про­из­ве­ду­ва­ат ка­лу­ѓе­ри. Ќе има пче­нич­ни, овош­ни, мат­ни, тем­ни, цр­ве­ни пи­ва, ед­но­став­но ка­жа­но, пи­во за се­чиј вкус, ве­ту­ва­ат ор­га­ни­за­то­ри­те.

За прв­пат оваа го­ди­на ќе учес­тву­ва­ат и ми­кро­пи­вар­ни­ци од Ма­ке­до­ни­ја, од­нос­но ма­ли пи­вар­ни­ци, кои про­из­ве­ду­ва­ат свое до­маш­но пи­во по свет­ски терк. По­се­ти­те­ли­те ќе има­ат мож­ност да го про­ба­ат пи­во­то од пр­ва­та ма­ке­дон­ска ми­кро­пи­вар­ни­ца, кое го има во де­вет раз­лич­ни вку­со­ви. Би­деј­ќи про­из­ве­ду­ва­ат пи­во во по­ма­ли ко­ли­чи­ни, а со тоа се обр­ну­ва по­ве­ќе вни­ма­ние на про­це­сот на про­из­водс­тво, ми­кро­пи­вар­ни­ци­те на­се­ка­де низ све­тот се поз­на­ти ка­ко про­из­во­ди­те­ли на нај­ква­ли­тет­но пи­во.

skopje-pivolend

Освен кла­сич­ни­те пи­ва, си­те тие што ќе дој­дат на скоп­ско Ка­ле ќе мо­же да се осве­жат и со пив­ски ко­кте­ли, ин­те­ре­сен спој на пи­во во ком­би­на­ци­ја со друг ал­ко­хол и со све­жи со­ко­ви. Овој вид пив­ска на­пи­вка е оми­лен ме­ѓу стран­ски­те ту­ри­сти што го по­се­ту­ва­ат „Пи­во­ленд“.

До­бро­то пи­во не оди без до­бро ме­зе, па за­тоа и оваа го­ди­на во рам­ки на фе­сти­ва­лот ќе мо­же да се вку­сат мно­гу гур­ман­ски де­ли­ка­те­си при­го­тве­ни на ска­ра, ка­ко и ме­зи­ња и ин­тер­на­ци­о­нал­ни спе­ци­ја­ли­те­ти.

programa-pivolend

Освен пи­во­то, ка­ко гла­вен „ви­нов­ник“ за овој фе­сти­вал, за што по­до­бра ат­мо­сфе­ра на скоп­ско­то Ка­ле ќе се по­гри­жат и го­лем број му­зи­ча­ри. Фе­сти­ва­лот в сре­да ќе го отво­ри Вла­тко Или­ев­ски со „Аку­стик ди­вижн“, а по не­го ќе на­ста­пат веч­но акту­ел­ни­те ро­ке­ри „Риб­ља чор­ба“. Свој кон­цер­тен на­стап на „Пи­во­ленд“ ќе има­ат и „Но­ка­ут“, Да­ни Ди­ми­тров­ска, Ти­ја­на Дап­че­виќ, Ефто Пу­пи­нов­ски, Ја­ков Дрен­ков­ски, Та­ма­ра То­дев­ска, срп­ска­та жен­ска гру­па „Ми­ни­стар­ке“, „Фол­тин“, „То­тал­но опу­шта­ње“, ита­ли­јан­ска­та атрак­ци­ја „Триб­јут ту колдп­леј“, ди­џеј Сла­ве и мно­гу дру­ги.

По­крај глав­на­та сце­на ќе  има уште две на кои ќе би­де пре­зен­ти­ра­на ал­тер­на­тив­на му­зи­ка, ка­ко и мла­ди му­зи­ча­ри што зас­лу­жу­ва­ат да се про­мо­ви­ра­ат пред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка. Сце­на­та „Бла бла“  ќе ги „вдо­ми“ си­те мла­ди ур­ба­ни та­лен­ти – ди­џеи, ме­тал­ски и пан­кер­ски гру­пи, пе­ја­чи, ра­пе­ри што ќе до­би­јат шан­са да би­дат чу­е­ни од го­лем број лу­ѓе. Не­од­мин­ли­ва  е и игро­те­ка­та за во­зрас­ни, ко­ја ќе по­ну­ди раз­ни за­бав­ни пив­ски игри за си­те по­се­ти­те­ли, ме­ѓу кои, се­ка­ко, нај­по­пу­лар­на игра е „пи­во-понг“ (Beer Pong).

Фе­сти­ва­лот, ка­ко и се­ко­ја го­ди­на, е под­др­жан од гра­дот Скоп­је и од гра­до­на­чал­ни­кот Ко­це Тра­ја­нов­ски.

Вле­зот е бесп­ла­тен, а фе­сти­вал­ски­те вра­ти ќе би­дат отво­ре­ни се­кој ден од 18,00 ча­сот.

Ор­га­ни­за­то­ри­те ги пре­ду­пре­ду­ва­ат си­те тие што са­ка­ат да де­гу­сти­ра­ат пи­во да не во­зат, ту­ку да ко­ри­стат ја­вен пре­воз или, пак, да се иска­чат пеш до скоп­ско Ка­ле.„ Пи­во­ленд “ и град Скоп­је се  при­дру­жу­ва­ат кон кам­па­ња­та – „Не пиј до­де­ка во­зиш“.

Најчитани вести