Од утре пријавување за „Прв до врв 2016“

Од утре пријавување за „Прв до врв 2016“
Од утре пријавување за „Прв до врв 2016“

Почнувајќи од утре, започнува пријавувањето за овогодинешниот Прв до врв, омилениот настан на Скопјани за масовно искачување до врвот на Водно со планинарење и возење велосипеди.

На 22 мај оваа година ќе се случи четвртото издание на популарната трка на Водно, во која учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Пријавувањето започнува со промотивен викенд и симболична цена од 120 денари за најбрзите 100 пријавени учесници, по што цената за пријавување ќе биде 180 денари и ќе важи до 29 февруари, па 240 денари од 1 март до 30 април и 300 денари од први до 21 мај. Секој учесник добива стартен број, официјална маичка за 2016 година, освежување за време на трката, а победниците ќе бидат наградени.

По трките традиционално ќе се организира олимписки пикник на целта кај врвот, кога ќе бидат прогласени победниците во машка и женска конкуренција, како и најбрзите семејства, тимови, деца до 14 години и возрасни учесници над 40 години.

Натпреварувачите можат да се пријават на веб страницата www.prvdovrv.mk.