Почнува Саемот за градежништво и недвижности

Саемот за градежништво и недвижности на Скопски Саем почнува денеска, а на него ќе бидат понудени над 3.000 плацови и  и 3.000 станови кои можат да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Понудата е од вкупно 110 компании и плацеви од 14 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

Покровител на Саемот за градежништво, втора година по ред е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа, за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, кои имаат за цел да им се помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом, што се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и за недвижнини.

На Саемот за градежништво годинава ќе учествуваат 90 компании, а во рамки на Саемот за недвижнини 20 компании. Од странство присутни се од Германија, Турција и Србија.

Се очекува голем интерес за саемот со околу 15.000 посетители. Саемот ќе се одржува во три хали и ќе биде отворен од 10 до 19 часот.