Почнува „Смоквијада“ во Гевгелија

Почнува „Смоквијада“ во Гевгелија
Почнува „Смоквијада“ во Гевгелија

Во Гевгелија денеска ќе се одржи традиционалниот фестивал на смоквата „Смоквијада“ на кој најдобрите приготвувачи на слатко ќе се натпреваруваат во производство на слатко од зрели смокви.

Покрај натпреварувачите од Гевгелија, годинава на „Смоквијада“ ќе учествуваат и гости од Грција, Романија и Бугарија, соопштија организаторите кои информираа дека покрај натпреварот во приготвување слатко од смокви, ќе биде организирана и богата културно-уметничка програма.

„Смоквијада“ ќе почне со фолклорно дефиле и гевгелиската химна која ќе ја изведат „Распеани гевгеличани“, а покрај нив ќе настапат и пеачките групи од Сандански и Банско од Бугарија, Влашко културно уметничко друштво од Грција, КУД „Бојмија“ од Гевгелија и Мишко Крстевски.

„Смоквијадата“ се одржува во организација на граѓанското здружение „Тера“, под покровителство на општина Гевгелија.