Магазин

Почнува снимањето на филмот „Кога нè нема”

Почнува снимањето на филмот „Кога нè нема”

Во Скопје утре ќе почне снимањето на краткометражниот игран филм „Кога нè нема” во режија и по сценарио на Стефан Палитов. Станува збор за дебитантски професионален филм на младиот режисер.

„Кога нè нема” е емотивна приказна за тоа како се справуваат со загубата оние што остануваат да живеат, откако нас веќе нè нема.

Улогите ги толкуваат Огнен Дранговски, Амернис Јовановска Нокшиќи и Јана Никодиновска. Директор на фотографија е Владо Димоски, сценограф е Влатко Зафирковски, а костимите се на Роза Трајческа Ристовска.

Филмот е во продукција на Квазар Филм и е поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.