четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 52

Почнува судењето за случајот „Поткуп“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да почне судењето за вториот процес што е покренат против лидерот на СДСМ Зоран Заев. Заев се товари дека примил поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен.

zaev-sud

Поврзани вести

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да почне судењето за вториот процес што е покренат против лидерот на СДСМ Зоран Заев. Заев се товари дека примил поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен.

Пред повеќе од шест месеци на јавна седница за оценување на обвинителниот акт, одбраната на Заев истакна дека описот на кривичното дело во обвинителниот акт не ги содржи главните елементи на кривичното дело примање поткуп, односно не постојат службени дејствија што ги презел Заев како градоначалник на општината, ниту, пак, постои материјалната корист, односно примени пари за извршената работа.

Фотографија од скандалозното видео во кое лидерот на СДСМ, Заев бара поткуп од 200.000 евра

Фотографија од скандалозното видео во кое лидерот на СДСМ, Заев бара поткуп од 200.000 евра

Советот за оцена при Кривичниот суд, пак, во ноември обвинителниот акт против Заев го оцени позитивно.

По одржано јавно рочиште за оцена на обвинителниот акт на 1.7.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани“, стоеше во соопштението од Судот.

Според обвинителството Заев како градоначалник на Струмица побарал 200 илјади евра од струмички бизнисмен за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.

Во кривичната пријава на МВР беше наведено дека Заев побарал од бизнисменот 100 илјади евра за легализација на градежното земјиште и 100 илјади евра за изградба на црква.

Најчитани вести