Почнува зголемување на даноците

Почнува да се остварува она за кое веќе неколку недели предупредуваат економските аналитичари и ВМРО-ДПМНЕ. Новата влада на СДСМ потврди дека отпочнува процес на зголемување на даноците.
Министерот за финансии во Владата на Зоран Заев, Драган Тевдовски изјави дека промената на даночната политика ќе се правела постепено во текот на целиот мандат, пишува Курир.мк.

„Интенцијата со даноците е да почнеме да воведуваме праведност, но да бидеме значи чекор по чекор и тие промени да ги правиме паралелно со подобрување на ефикасноста на институциите“, изјави Тевдовски.

Доколку се земе предвид програмата на СДСМ, ќе се види дека тие предвидуваат поништување на рамниот данок и негово зголемување. Зголемување на даноците е сериозна операција со која ќе осиромашат граѓаните преку зголемување на собирањата на пари од граѓаните и стопанството.

Тевдовски веќе ја известил Светската банка дека планираат постепено зголемување на даноците, воведување прогресивна наместо рамна стапка, а пак собраните пари ќе ги вложел наводно во давање парична помош на сите невработени, како и вработени со мали примања. Според аналитичарите, тоа ќе отвори простор за корумпирање на гласачи.

Од друга страна, зголемувањето на даноци ќе биде сигурен показател дека ќе направи голема штета на недоаѓање на нови инвеститори и отворање нови работни места, како и бркање на постојните инвеститори.

Исто така, информациите велат дека ќе се зголемуваат и придонесите за пензиско и здравствено осигурување, што ќе е додатно оптеретување на приватниот сектор, намалување на конкурентноста на фирмите и одвраќање од инвестирање.

Прогресивниот данок би удрил и на граѓаните и на компаниите

Според економските аналитичари, сега не е време за промена, а во случај на промена на даночниот систем некој ќе изгуби, а никој не добива бидејќи зголемувањето на фискалните добивки ќе биде минимално.

„Сега не е време за воведување повисока стапка за оданучвање на доходот затоа што ќе има лица или претпријатија кои што ќе имаат губиток од плаќањето на повисок данок од доходот, а речиси и дека ќе нема добитници од овој процес“, вели универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески.

Според него, ова би значело дека на компаниите, менаџерите и инженерите би им се зголемиле трошоците.

„Мислам дека ќе бидат погодени лицата кои што располагаат со повисок степен на образование, вештини и пазарот на труд ги вреднува повеќе“, истакна Славевски.

ВМРО-ДПМНЕ на неколку прес-конференции изминативе денови предупредуваше дека зголемувањето ан даноците ќе значи крах на економијата.

„СДС и понатака не се откажува од воведувањето на зголемени даноци. Зголемувањето на даноците според планот на Тевдовски и СДС од 10 на 18 отсто ќе значи крах на економскиот и финансискиот систем во Република Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека СДС не ја научил лекцијата на зголемување на даноци, имајќи ги во предвид неколкуте неуспешни обиди од пред 2006-та година за зголемување на данокот од 15%, 18% и 24% кои ја втурнаа државата во пропаст.

„Со ваквите непромислени политики на зголемување на СДС повторно ќе се активира сивата економија, даночната евазија и ќе стане секојдневие и навика. Ваквите непромислени политики ќе значат пропаст за домашните компании и ќе ги бркаат странските инвестиции. Ќе се намали интересот за инвестирање во државата и ќе паднеме на дното на листата на Дуинг Бизнис. Невработеноста повторно ќе завладее во државата, постои сериозна опасност од инфлација, а граѓаните се повеќе и повеќе ќе осиромашуваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.