Почнуваат аудициите за „Поточиња“ 2017

Сите заинтересирани деца на возраст од пет до 12 години може да се пријават на аудициите за детскиот фестивал  „Поточиња“ 2017.

Како што информира организаторот Пап Продукција, аудициите ќе се одржуваат од 14 – 16 септември во градинката „Срничка“ (објект Бамби) и од 19 – 21 септември во ООУ „Јан Амос Коменски“, од 18 до 19 часот.