Почнуваат обуките од проектот на УСАИД И МАСИТ за преквалификација на кадри

Проектот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ за „Преквалификација на кадри“ , во соработка  УСАИД/РЕГ проектот,  ја започнува својата втора – едукативна фаза во соработка со Сивус Едукативен и Развоен Центар.

По спроведеното истражување меѓу компаниите членки на МАСИТ е констатиран дефицит на кадри во ИКТ секторот, од профилите за програмирање. Како резултат на ова започна проектот за „Преквалификација на кадри“ каде целта е млади луѓе до 35 години, без претходно ИТ предзнаење да се преквалификуваат и да започнат кариера во ИТК светот. Во согласност со потребите на компаниите се организираат обуки за профилите .NET и Front End Developer програмери.

Денеска  40 кандидати почнуваат со обуката која е планирано да трае до септември, а потоа ги очекува пракса во некоја од ИТ компаниите членки на МАСИТ. Крајната цел на проектот, а по посета на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на јуниор програмерски позиции или други позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за преквалификација ќе трае околу 5 месеци.