Од понеделник почнуваат подготовките за Илинденскиот марш

Коњаниците кои оваа година ќе учествуваат во 37. традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден од понеделникофицијално ќе ги почнат своите интензивни тренинзи покрај кејот на реката Вардар.

„Илинденскиот марш 2015“, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, од 15 до 60 години, ќе стартува на 27 јули од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево.

Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години и ќе продолжи да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.