Македонија

Почнуваат Владимирските илинденски средби – Ладимерци дека и да сте, за Илинден дома да сте!

Почнуваат Владимирските илинденски средби – Ладимерци дека и да сте, за Илинден дома да сте!

Со прослава по повод Готенската битка – Мурабет, денеска во беровското село Владимирово почнуваат „Владимирските илинденски средби”.

Манифестацијата годинава се одржува под мото „Ладимерци дека и да сте, за Илинден дома да сте“ и ќе траат до 2 август.

„Владимирските илинденски средби” и годинава ќе понудат богата културно-уметничка програма, штандови со ракотворби, здрава храна и кулинарски специјалитети од овој крај и вечерна игранка на отворено какви што пред децении се правеле во центарот на селото.

Манифестацијата, која веќе прераснува во традиција и културно наследство за идните генерации, финансиски е поддржана од страна на општина Берово преку програмата за култура, додека организатор и покровител е здружението „Владимирски илинденски средби“