Почнување на преговорите со ЕУ ќе ги унапредат македоснко-грчките односи

Што се однесува до наметнатите грчко – македонски разлики околу името на Република Македонија, ја повторуваме подготвеноста за водење на интензивен дијалог за изнаоѓање на решение во рамките на меѓународната правна рамка дефинирана од Обединетите нации и Меѓународниот суд на правдата, истакна премиерот Никола Груевски, по повод препораката од ЕК за влез на земјава во ЕУ.

Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Времето покажа дека одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого, но важно е да се истакне дека било какви непропорцинални и неконвенционални условувања нема да придонесат во изнаоѓање на решение за било кое важно прашање за нашата земја, додаде премиерот.

Според него, од исклучителна важност е грчко-македонските односи да се развиваат низ призмата на заемно почитување, соработка, доверба, партнерство и уважување. Груевски вели дека Македонија останува посветена да ги развива договорените мерки за градење на доверба со Грција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.