Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Почувствуван земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала ја затресе Албанија денеска точно во 15.53 часот.

Земјотресот ги вознемири и  македонските граѓани, а епицентарот е на 55 километри северно од Тирана, како и 32 километри западно од Пешкопеја.

Потресот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот првично го регистрираше Сеизмолошката опсерваторија во Подгорица.