Под опсада околу 440.000 Сиријци

Обединетите нации соопштија дека околу 440.000 Сиријци живеат во подрачја под опсада, што е двојно повеќе од претходната проценка.

Потсекретарот за хуманитарни прашања на ОН Валериа Амос му порача на Советот за безбедност дека тие луѓе се во ризик да умрат од глад, од дехидрација и недостиг на медицинска нега.

Сириско-американското медицинско здружение овој месец соопшти дека проценката на ОН е дека 212.000 лица во Сирија живеат под опсада е минимизирана и не соодетствува со реалноста.