Под вода голем дел од земјоделските површини во Чешиново-Облешево

Кај кочанското село Бање од најдодените води попуштил одводниот канал од кои водата истекува во нивите кон селата Чешиново-Облешево и Чифлик.

Голем дел од земјоделските површини насеани со есенски култури се под вода и има случаи таа да навлегла во подрумските простории на куќите од овие села.

– За настанатата состојба го информиравме и Центарот за управување со кризи. Состојбата станува алармантна посебно во оние села каде што се излеа Кочанска и Злетовска река. Ние сме на терен и со механизација од приватна компанија од село Чифлик ги ублажуваме последиците од поплавите, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Одводните канали во селата Горни и Долни Подлог и Мојанци ги чистат жителите на овие села за да не дојде до полави во нивните домови.

Состојбата со врнежите од дожд во општините Кочани, Чешиново и Облешево будно се следи.