Под закана од пиштол ограбени тројца тинејџери во Скопје

Тројца тинејџери околу 1,30 часот ноќеска биле ограбени во центарот на Скопје од три непознати лица.

Како што информираат од полицијата, непознатите машки лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над Н.С. (17) , Б.Д. (18) и Д.И. (18) сите од Скопје, при што им одзеле 1.240 денари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.