Под закана со пиштол ограбил спортска обложувалница

Вооружен разбојник влегол во спортска обложувалница и под закана со пиштол одзел 45 илјади денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Разбојништвото се случило вчера околу 19:30 часот во Скопје на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во спортската обложувалница „Вил Хил” кога непознато лице вооружено со пиштол влегло внатре, го репетирало пиштолот и од вработените одзело околу 45.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.