Под засилена контрола од виршла до кременадла

По 10-дневна мистерија кој производ(ител) е виновникот за труењето со листерија и испитување на над 500 мостри храна, денеска се очекува да бидат завршени и обелоденети резултатите од анализите кој е извор на заразата со оваа опасна листерија, од која досега заболеа осуммина, од кои четворица и починаа, пишува Дневник. Нови мерки за заштита од бактеријата вчера објави Агенцијата за храна – под засилена контрола отсега се сите производи од животинско потекло – од виршла до кременадла!

– Задолжително ќе се анализираат сите производи од животинско потекло, а ќе се испитува и секоја производствена линија. Донесовме и решение за контрола на целиот дистрибутивен синџир, зашто е можно да дојде и до вкрстено загадување – иако производите се безбедни во производството, при транспортот или чувањето да дојде до нивно загадување со листерија. Ќе се врши и контрола на сите оператори со храна со животинско потекло и во делот на микробиолошките критериуми – велат од Агенцијата за храна, од каде што најавија и други мерки.

До завчера листерија беше пронајдена во мостри од колбаси кај двајца домашни производители. Министерот за здравство, Никола Тодоров, во петокот за труењето поднесе и кривична пријава против непознат сторител.

Целиот текст прочитајте го тука.