Поддршка на лица со ХИВ: Денес е достапна високо ефикасна терапија

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА организира хуманитарна аукција, што ќе се одржи вечер во локалот Кала.

Целта на настанот е да се подигне јавната свест дека за ХИВ денес е достапна високо ефикасна терапија, која овозможува луѓето што живеат со вирусот да имаат здрав, квалитетен и долг живот. Средствата што ќе се соберат на аукцијата ќе бидат наменети за поддршка на луѓе кои живеат со ХИВ во Македонија.

Предмет на хуманитарната аукција ќе бидат дела насликани од јавни личности. Поддржувачи на настанот се и амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет и постојаниот координатор на Обединетите нации, Луиза Винтон.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје годинава во Македонија се регистрирани 39 нови случаи на заболени со ХИВ/СИДА.