четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 31

Поддршка од Иво Вајгл за формирањето политичка влада

Известувачот за земјава во Европскиот Парламент и европратеникот Иво Вајгл кој посредуваше во преговорите за надминување на политичката криза во земјава, рече го поддржува формирањето на политичката влада и смета дека тоа е чекор кој може да донесе добро за државата доколку разговорите и дијалогот продолжат.

vajgl

Последни вести

Она што сега беше одлучено не е трајно туку преодно решение но може да биде добро за државата и да доведе до договор помеѓу партиите ако бидат посветени на дијалогот и ги спроведат реформите кои ги обврзуваат сите да соработуваат. Претстојат сложени реформи на полето на подготовката на фер, демократски и транспарентни избори, медиумите, како огледало на општеството а не некој кој стои настрана од игралиштето и само и аплаудира на едната страна, вели Вајгл во телефонска изјава.

Вајгл кој е дел од тројката европарламентарци кои посредуваа за Пржинскиот договор вели дека жали што не бил постигнат договор меѓу сите партии за понатамошните чекори но дека дијалогот треба да продолжи и дека договорот од Пржино е комплексна рамка во интерес на државата.

Како прагматичен политичар сметам дека секогаш е добро да се води процес со договор, со компромис, или со заеднички одлуки но еднакво е важно да се земе предвид заедничкиот интерес на државата и граѓаните и тој да влијае на одлуките кои се носат сега и во иднина, вели Вајгл.

Порачува дека и во иднина треба да се продолжи со реформи и да се овозможи непречена работа на Специјалното обвинителство.

Најчитани вести