Поддршка од коалицијата до Груевски за формирање стабилна влада со барање за претпазливост во постигнување на договорот

-Главна тема е анализата на изборните резултати. Сите претставници ги предочија свопите видувања околу ангажманите, околу резулататите и околу сето она што се случи во Макеоднија на денот на изборите. Беа различни согледувања потенцирани од страна на претставниците на политичките партии и беа давани различни идеи како од тука натаму треба Коалицијата да постапува, при што беше несомнено потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и како мандатар за состав на нова влада, ја има од целокупната Коалиција „За подобра Македонија“, изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата и пратеник.

gruevski-kolicioni-partneri

Во однос на најавеното отпочнување преговори за формирање влада со ДУИ, Димовски рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

– Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници во врска со таа платформа и евентуално сведување на целата дискусија на некаков си бинационален дијалог помеѓу етничките заедници, рече Димовски.

Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, се претставени сите политички партии на помалите етнички заедници на Турците, Власите, Ромите, Бошњаците, Србите во Македонија.