Продолжува финансиската поддршка од Владата за отворање на нови работни места

Продолжува значајната финансиска поддршка од Владата за обезбедување на нови работни места.

Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за „Курир“ , во моментот се актуелни два јавни повици кои се од голем и значаен интерес и нудат придобивки и за невработените лица и за работодавците кои што имаат потреба од ангажирање на работници.

Првиот јавен повик е за програмата Самовработување и трае до 29.01.2016 година.

Преку оваа програма невработените лица можат да добијат државна помош од најмалку 3500 евра за самовработување. Можат да аплицираат сите невработени лица кои се наоѓаат на евиденција на Агенцијата за вработување.

Процедурата за апликација е едноставна, се поднесува барање до Агенцијата за вработување, потоа се извршува мини обука на апликантите, пополнување на прашалник и претселекција, а потоа селектираните кандидати изработуваат бизнис план за нивниот бизнис. Најдобрите планови ќе бидат подржани од страна на дражавата со соодветни средства

Финансиската поддршка опфаќа обезбедување на:

-експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите во висина од 16.600,00 денари;

-финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000,00 денари;

-финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 257.000,00 денари за најуспешните кандидати кои ќе презентираат одржливи и иновативни бизнис-планови и согласно критериумите за евалуација се оценети за бизниси кои имаат најголем потенцијал за раст;

-финансиска поддршка за дополнително вработено лице за 60 (шеесет) фирми корисници во вид на опрема и/или материјали во износ од 92.000,00 денари за кандидати кои ќе презентираат одржлив бизнис план, кој јасно укажува на потреба од вработување на уште 1 (едно) лице за успешно функционирање на бизнисот, но и преку економски и финансиски параметри ја потврдува одржливоста на дополнителното вработување;

Лицето кое ќе биде вработено со дополнителниот грант треба да биде исто така невработено лица активен барател на работа.

-Доколку некој од најуспешните кандидати со иновативни бизнис планови предвидуваат дополнителни вработување и при тоа од комисијата нивниот бизнис план е селектиран меѓу најуспешните бизнис планови, на овие кориснци ќе им се одобри и дополнителен грант од 92.000,00 денари. Во тој случај, вкупната поддршка за набавка на опрема и/или материјали ќе изнесува 349.000,00 денари.

-Приоритет за вклучување во Програмата ќе имаат невработените лица кои првпат аплицираат за користење на грант.

Обука кај познат работодавач

Втората програма…