Продолжува финансиската поддршка од Владата за отворање на нови работни места

Втората програма е за Обука кај познат работодавач и таа е во корист и на работодавците и на лицата кои бараат работа, нема фиксен краен рок за апликација и овој повик ќе трае до пополнување на квотата за искористеност на средствата

Работодавците и невработените лица е потребно да аплицираат во Агенцијата за вработување. Обуката на невработените лица кои ќе аплицираат ќе се спроведува во работните простории на работодавачите кои аплицирале, и ќе им се издаде потврда за спроведената практична обука.

За време на обуката во траење од три месеци, Агенцијата за вработување на РМ ќе покрива паричен надоместок во износ од 6.200,00 денари месечно по невработено лице кое се обучува, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршување на обуката на работното место, работодавачот е обврзан да ги вработи сите обучени лица за што ќе добие субвенција за вработување во форма на финансиска поддршка за бруто плата во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 6 месеци со полно работно време, од кои 14.000,00 денари за невработеното лице и 5.000,00 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот има обврска да го задржи на работа субвенционираниот работник во следните 12 месеци и да не го намали бројот на вработените на неопределено време.

Мерката ќе ги опфати сите невработени лица евидентирани како активни баратели на работа во регистарот на Агенцијата за вработување, а приоритет ќе имаат следните категории на невработени лица:

  • -лица на возраст 50-55 години
  • -лица со основно образование и помалку
  • -млади лица до 29 години со основно образование
  • -долгорочно невработените
  • -корисниците на социјална помош и лицата од ранливите категории на население соочени со бариери на пазарот на трудот

Корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката. Ако корисникот е отпуштен пред истекот на субвенционираната програма, тој има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош.

Искуствата и од двете мерки од минатото покажуваат дека и двете мерки имаат голема успешност, и како резултат на владината финансиска помош се отворени голем број на бизниси кои подоцна успешно се развиваат и се отворени и нови работни места во веќе постоечки претпријатија кои со текот на времето по почетниот период станале трајни работни места. Овие позитивни искуства се мотив повеќе за искористување на актуелните можности кои се нудат со овие два јавни повика кои се во тек.

И покрај овие две мерки во текот на месецот јануари и февруари ќе продолжиме и со други мерки преку кои се дава значајна финансиска подршка за вработување се со цел реализација на стратешката определба за намалување на невработеноста во нашата земја, додава Ѓорѓиев.