Поддршка за Македонија од Јагланд за надминување на бегалската криза

Поддршка за Македонија од Јагланд за надминување на бегалската криза
Поддршка за Македонија од Јагланд за надминување на бегалската криза

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, по вчерашната средба на министерот за надворешни работи Никола Попоски, изјави дека на средбата доминирала темата со бегалската криза со која Македонија се соочува.

– Разговаравме за целиот напредок кој беше постигнат во изминатите 20 години членство во Советот на Европа. Беа дадени нови права на различни етнички групи. Накусо, се осврнавме на актуелните проблеми во земјата во врска со политичката ситуација, но и со тешкиот товар со кој земјата сега е соочена во врска со бегалската криза во Европа. По ова прашање, сега е најважно да се обидеме да се обезбеди границата и да се регистрираат сите тие што поминуваат, изјави Јагланд за МИА.

Тој додаде дека ги разбира проблемите со кои се соочени земјите на Балканот.

– Бегалците не доаѓаат за да останат на Балканот, туку главно заминуваат кон Германија и кон некои други земји на северот на Европа. Ова е навистина тежок политички проблем. Единствено е можно да се реши со