Поддршка за Македонија од Јагланд за надминување на бегалската криза

политичко решение, и тоа да биде базирано на заедничко европско разбирање и солидарност, истакна Јагланд.

Во врска со разговорите за имплементирање на договорот за нормализирање на политичката ситуација во Македонија, Јагланд изрази очекување да се решат преостанатите помали прашања и изборите да се одржат во предвидениот временски рок.

– Разбирам дека преговорите се уште течат и дека остануваат некои детали кои ќе бидат разрешени, за да може изборите да се одржат согласно оригиналниот договор постигнат меѓу Владата и опозициските партии, рече Јагланд.

Во Советот на Европа вчера се одржа свеченост по повод 20 – годишнината од приемот на Македонија. Во своето обраќање, министерот Попоски истакна дека Република Македонија ја одбележува годишнината со решеност да биде активен учесник во креирањето на новите и унапредувањето на постоечките стандарди во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото, што е од особена важност во контекст на пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија.