Поддршката за Трамп паднала на 36 отсто

© AP Photo / Andrew Harnik

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трампл по шесте месеци на чело на најголемата светска сила, паднала на рекордните ниски 36 отсто, покажува најновото истражување на јавното мнение што заеднички ги објавија весникот The Washongton Post и телевизиската мрежа ABC News.

Поддршката за американскиот претседател паднала од 42 отсто, колку што беше забележана во април. Истовремено, според анкетата, за пет проценти се зголемил бројот на оние кои не го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп и сега изнесува 58 отсто. Севкупно 48 отсто од испитаниците наведуваат дека „силно не го одобрува“ моменталното извршување на должноста американски претседател.

Најновото истражување на јавното мнение покажува дека речиси половината од Американците, или 48 отсто, сметаат дека водството на нивната земја во свете е послабо откако Трамп ја презема должноста претседател на 20 јануари годинава. Додека 27 отсто од испитаниците сметаат дека напротив, тоа водство сега е посилно.

Половината од Американците, точни 50 проценти, сметаат дека 45-от американски претседател претседателската должност ја извршува полошо отколку повеќето претходно претседатели додека само малку помалку од 25 отсто сметаат дека тој ја извршува подобро од неговите претходници. Речиси исто толку испитаници сметаат дека Трамп ја извршува должноста претседател исто како и претходните претседатели.

Истовремено 55 отсто од испитаниците оценуваат дека Доналд Трамп не оствари позначителен напредок кон остварување на поставените цели.