Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и денеска пред ДИК

И денеска пред зградата каде што се наоѓа седиштето на ДИК,  симпатизери на владејачката партија повторно се собраа со цел како што велат „да ја одбранат државата“.

Протестот е продолжение на синoќешниот собир кој заврши доцна во утринските часови, а на кој се обраќаа високи функционери на ВМРО ДПМНЕ за „одбрана на волјата на народот“.

Овластениот претставник на Коалицијата за живот на Македонија, предводена од СДСМ, пред почетокот на продолжението на седницата на Државната изборна комисија, повлече два од преостанатите четири неразгледани приговори за изборни нерегуларности.

ДИК осстанува да разгледа уште два приговоир од СДСМ, а  досега четири нивни пригооври се одбиени.