вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Поддржувачите на „Протестирам“ со протести во Скопје и други градови

Како и претходните денови протестот во Скопје почна пред Специјалното јавно обвинителство. Насобраните протестираа против социјалната неправда и политиките за вработување.

Демонстрантите од СДСМ и СОРОС ќе блокираат крстосници низ Скопје

Демонстрантите од СДСМ и СОРОС ќе блокираат крстосници низ Скопје

Последни вести

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва одржа протест во Скопје и во повеќе градови во државата.

Како и претходните денови протестот во Скопје почна пред Специјалното јавно обвинителство. Насобраните протестираа против социјалната неправда и политиките за вработување.

Од пред Специјалното јавно обвинителство тие се упатија кон Агенцијата за вработување, а потоа и кон Министерството за економија и кон овие две институции фрлаа балони со боја.

Протестите ги организираат со цел повлекување на одлуката за аболиција за сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од СЈО и неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов.

Протести одржаа и во Штип, Делчево, Виница, Велес, Свети Николе, Струмица, Радовиш, Прилеп, Битола, Ресен и Крушево

Најчитани вести