Поддржувачите на Трамп одржаа митинг во Вашингтон

© AP Photo/Susan Walsh

Стотици поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп одржаа во саботата по локално време во центарот на Вашингтон митинг под мотото „Мајка на сите демонстрации“, изјави еден од организаторите на акцијата Џорџ Греам.

„Нашата демонстрација не е толку протрамповска, колку што е насочена кон поддршката на американските вредности и културата, ние ги поканивме патриотите од нивните земји од доселениците од Азија, Латинска Америка, како и афроамериканците“, истакнал Греам додавајќи дека сметал на околу илјада учесници но кај Монументот на Џорџ Вашингтон се собрале околу 500 луѓе.

Според организаторите, на собирот било забрането истакнување симболика на Конфедерацијата, што изминатиот период е тема на жестока полемика во САД и причина за судири во кои имаше и жртва.

Демонстрантите со американски знамиња минаа низ главниот вашингтонски булевар, ткн Националниот мол, и се вратија кон споменикот. Извикуваа пароли во поддршка на претседателот Доналд Трамп и неговата политичка програма, првиот амандман на Уставот на САД која ја гарантира слободата на вероисповед, говорот и собирите, како и против нелегалната имиграција.

Според организаторите, собраните приврзаници се противат на идејата за супериорноста на белата раса, локалните антифашистички движења и либералите.

Греам истакнал дека на собирот учествувале претставници на разни движења кои го поддржуваат американскиот претседател, како „Бајкерите за Трамп“, Латиноамериканците за Трамп“, Хомосексуалците за Трамп“, „Афроамериканците за Трамп“, „Жените за Трамп“ итн. Според процените на медиумите, сепак, најбројни биле конзервативните бели Американци.

Говорниците од бината ги критикувале либералните медиуми поради тоа што тие постојано шефот на Белата куќа ги прикажуваат во многу негативна светлина.

Како што истакнале Греам, во Вашингтон допатувале луѓе од целата земја. „Тука има Американци од Пенсилванија, Охајо, Тексас, Аризона и други сојузни држави“, додал.

На собирот, исто така, учествувале и редица кандидати на Републиканската партија за гувернери на сојузните држави и членови на Конгресот.

Мотото на митингот, која траеше речиси целиот ден, било избрано по аналогија на американската „Мајката на сите бомби“, односно 9,5 тони тешката бомба GBU-43, којашто американското воено воздухопловство во април годинава ја фрли во Авганистан за уништување на мрежата подземни тунели и пештери на границата со Пакистан која ја користеле џихадистите.

Собирот минал мирно, без приведени, но не и без поситни конфликти. Неколку противници на Трамп се обиделе да предизвикаат судир, но полицијата веднаш го спречила конфликтот.