петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 70

Поделени 99 нови решенија за легализација во општина Гази Баба

Општина Гази Баба денеска додели нови 99 решенија за легализација на бесправно изградени објекти на физички и правни лица.

toni-trajkovski

Последни вести

Решенијата ги додели градоначалникот Тони Трајковски кој ја нагласи важноста од навремено добивање на информациите за легализација на дивоградбите, бидејќи дивоградбите се третираат како кривично дело и секоја информација за постапката за регуларно и целосно спроведување на процесот на легализација може да ја добијат кај вработените во општината.

Од вкупно поднсените 16.000 барања за легализација од страна на граѓаните доделени се околу 6.300 решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.

Од Општина Гази Баба информираат дека се воведени повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината.

Најчитани вести