ПОДЕМ: Да дадеме поддршка на проектите

Заедно да дадеме поддршка на проектите и тимот кој носи напредок и успех на Република Македонија, се вели во соопштението на ПОДЕМ со коешто партијата го поздрави донесувањето на договорот со кој се стави крај на политичката криза во Република Македонија.

– На овој начин се стави крај на безуспешните обиди на деструктивната опозиција предводена од СДСМ за дестабилизација на државата, со цел да внесе немир кај граѓаните, немир кај бизнисмените и со тоа да ја наруши веќе добро воспоставената бизнис клима и да наштети на економијата. Уверени сме дека на 24 април, граѓаните десетти пат по ред ќе и дадат поддршка на коалицијата „За подобра Македонија“ и така ќе се продолжи на патот кон напредокот на Република Македонија, велат од ПОДЕМ.

ПОДЕМ изрази убедување дека граѓаните на следните избори ќе дадат поддршка на сите досегашни, но и на идните проекти со што еднаш засекогаш ќе ја поразат деструктивната политика на опозицијата предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев.

– Затоа почитувани граѓани ПОДЕМ Ве повикува на 24 април сите заеднички да дадеме поддршка на тимот кој носи напредок и успех на Република Македонија, кој носи нови работни места, инвестиции, земјоделски субвенции, европска и евроаталнтска перспектива, но пред се почитувани да дадеме поддршка на тимот кој никогаш не го изневери и нема да го изневери македонскиот народ, се вели во соопштението.