ПОДЕМ ја поддржа одлуката за избори на 24-ти април

ПОДЕМ ја поздравува победата на волјата на мнозинството и одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април, а со тоа и реализацијата на договорот од Пржино, бидејќи зборот е збор, додека пак уште повеќе законот е закон, истакна Живко Јанкуловски, претседател на ПОДЕМ.

Доволно граѓаните на Македонија беа заложници на една деструктивно-манипулативна политика на опозицијата која води кон целосно парализирање на системот на функционирање на целокупните државни повреди. ПОДЕМ е цврсто убеден дека граѓаните ќе ја донесат пресудата за СДСМ, а тоа е дека со уцени, незаконски методи и со платениците од т.н. невладин секторне се доаѓа на власт. Народот секогаш знае да препознае искреност, реални проекти, да направи споредба помеѓу инвестиции и отворање на нови работни места, наспроти човек на кој што не може да му се верува, човек без став кој секој ден го менува своето мислење и се повеќе тоне во својата несигурност, потенцира Јанкуловски.

ПОДЕМ ја повика и Државната изборна комисија да отпочне со сите процеси во насока за одржување на фер и демократски избори.

Да се прекине досегашниот пример за промена на ставови и делење на материјали кои се изготвени од друг центар, а не од Државната изборна комисија. ПОДЕМ изразува посебно задоволство поради подршката од страна на меѓународниот фактор за одржување на фер и демократски избори на 24 април и уврени сме дека на тој датум ќе се стави конечно крај на оваа криза и Македонија ќе продолжи со уште поголеми чекори кон евроатлантските интеграции, со поголеми капитални инвестиции, нови странски инвестиции и едноставно за подобрување на животниот стандард на граѓаните, додаде претседателот на ПОДЕМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.