Подгорицa: ДПС освои 46,6 отсто од гласовите

Врз основа на 100 отсто од обработените гласови, ниту еден учесник на локалните избори во Подгорица не освоил апсолутно мнозинство, соопшти Центарот за демокртаска транзиција (ЦДТ).

Одзивот на подгоричките избори бил близу 71 отсто или 105.800 избирачи, пренесува РТЦГ.

Најголем број на гласови освоила коалицијата „За европска Подгорица-Мило Ѓукановиќ“ со 46,6 отсто (околу 49.300 гласови) односно 28 мандати. Потоа е Демократскиот фронт кој освои 28,5 отсто (околу 30.100 илајди гласови) односно 17 мандати.

Социјалистичката народна партија освои 14,6 отсто (околу 15.400 гласови) односно девет мандати.

Од ЦДТ изјавија дека стандардна грешка на примерокот е најголема кај коалицијата „За европска Подгорица-Мило Ѓукановиќ“ што остава значајна можност за освојување на 29 мандати, додека СНП во тој случај освои осум.

Тие ја повикаа Изборната комисија на Главниот град да го преброи секое гласачко ливче.

Гласањето на локалните избори во 12 општини во Црна Гора заврши во неделата во 20 часот.На локалните избори во главниот град, гласале 70,5 отсто или околу 105.100 граѓани, соопштија од ЦДТ.