Подготовка на симулација за вежба на кејот на Вардар

На кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Тодор Александров“ во населбата Аеродром, утре ќе се одржи подготовка на симулација за вежба, додека во четврток  ќе со одржат серија на вежби за спасување од поплави.

При овие вежби ќе бидат ангажирани возила, механизација, како и хeликоптери.

Овие вежби се во рамките на Програмата на Европската комисија за цивилна заштита и хуманитарна помош, а во организација на Градот Скопје, кој е партнер на европскиот проект за зајакнување на локалните капацитети за справување со поплави „АХЕЛУС“.