Коњаниците кои оваа година ќе учествуваат во 37-от традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден ги привршуваат подготовките со интензивни тренинзи покрај кејот на реката Вардар.
„Илинденскиот марш 2015“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, односно од 15 до 60 години, ќе стартува на 27-ми јули од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево.
Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.