Подгответе брускети со домат, босилек и лук

Брускетите со домати и босилек всушност може да бидат и главно јадење и закуска и салата.

Потребни состојки:

– 2 лажици маслиново масло

– 4 чешниња лук

– жолти и црвени шери домати

– 1 лажица балзамичен оцет

– свеж босилек

– 1 леб

– малку маргарин

Начин на подготовка:

Во тава на средна топлина загрејте го маслиновото масло. Исецкајте или измелете го лукот и додадете го во тавата. Пржете го околу една минута, а потоа тргнете го настрана во еден сад.

Доматите исечете ги на половина и ставете ги во садот, додадете го сецканиот босилек и балзамичниот оцет. Ставете сол и бибер по ваш вкус.

Лебот исечете го дијагонално, за да може поголема површина од него да се пече. Во тава ставете малку маргарин и печете ги парчињата леб од двете страни додека не добијат златна боја.

На печените лепчиња ставете од мешавината на домати, босилек и лук и послужете ги брускетите.