Подгответе чоколаден мус за 4 минути

За подготовка на овој десерт ќе ви бидат потребни само 4 минути. Кога ќе го вклучите миксерот, погледнете и на часовникот. Ќе бидете запрепастени колку брзо се подготвува!

Состојки:

100 грама црна чоколада (најдобра е онаа со 70 % какао во прав)

300 мл слатка павлака

50 грама шеќер во прав

1 белка

2 лажички амарето ликер

Подготовка:

Искршете ја чоколадата на парченца. Во мало тенџере загрејте половина од павлаката додека да почне да врие, тргнете ја од оган и додадете ги парченцата чоколада и постојано мешајте додека да се растопат.

Ставете во сад за матење, а него ставете го во сад со вода и мраз. Додадете го остатокот од павлаката и ликерот. Матете додека на површината да се појават меки врвови од пена.

Во друг сад изматете белка и шеќер во прав. Полека измешајте ја чоколадната смеса и изматената белка и послужете во студени чаши. Декорирајте по желба.