Подгответе домашен ликер од портокали

Liquid orange

Овој ликер со заводлив вкусот многу лесно се подготвува, но ќе треба да почекате малку подолго за да го пробате.

Состојки:

1 литар рум

4литри бело вино

700 гр шеќер

12 портокали

2 лимони

2 ванила стапчиња

Подготовка:

  1. Портокалите и лимоните, добро се мијат и се сечат.
  2. Во голем сад ставете го виното, шеќерот и румот. Промешајте додека не се стопи шеќерот. Додадете ги портокалите и стапчињата ванила и добро промешајте. Затворете го садот и чувајте на ладно и темно место.
  3. Секои седум дена промешајте го ликерот.
  4. Оставете го да отстои 40 дена. Потоа, процедете го и прелејте го во шишиња, и оставете го на ладно место уште неколку месеци.